Машката кадетска репрезентација на Македонија претрпе минимален пораз на првиот од двата договорени контролни натпревари против Бугарија, одигран во Софија.
Во израмнет и неизвесен натпревар, домашната селекција славеше со 65:64, откако двете репрезентации водеа голема борба во текот на сите 40 минути.
Селекторот Дејан Стојановски им даде можност за настап на 12 кошаркари, а најефикасен во македонскиот состав беше Дион Шабани, кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 21 поен и 11 скока. На тоа додаде и три освоени топки и две асистенции за 23 минути поминати на паркетот.
Двоцифрен број поени постигнаа уште Зунзуровски со 12 и Котевски со 11 поени, кој натпреварот го заврши и со шест скока.
Македонија и Бугарија ќе одиграат уште еден контролен натпревар утре попладне во Софија, кој ќе биде последна проверка за двете селекции во рамките на подготовките за претстојните репрезентативни обврски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
