Претседателот на Ракометната федерација на Македонија (РФМ), Александар Стефанов, денеска во просториите на федерацијата организираше официјален пречек за машката кадетска репрезентација, по нивниот успешен настап на ЕП (EHF EURO 2026).
Македонските кадети го завршија шампионатот на високото 9. место во Европа. Со овој пласман, тие обезбедија и директно учество на Светското првенство за кадети, кое ќе се одржи во 2027 година.
Првиот човек на РФМ упати искрени честитки до младите ракометари и до стручниот штаб. Тој ги пофали за покажаната борбеност, максималното залагање и достоинственото претставување на државата во текот на целиот турнир, посакувајќи им уште поголеми успеси во нивниот понатамошен кариерен развој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
