Кадетската ракометна репрезентација на Македонија отпатува за Белград, каде од утре ќе го стартува својот настап на Европското првенство што ќе се одржува во главниот град на нашиот северен сосед.
Горан Кузманоски го избра најдоброто што го има во моментов во оваа генерација, но пред „црвено-жолтите“ е исклучително тежок предизвик со оглед на фактот дека во групата ќе се сретнеме со Франција, Словенија и со Шведска.
Прв ривал на Македонија утре ќе биде Словенија, а интересно е што нашите млади ракометари трите средби од групната фаза ќе ги играат со почеток во 12 часот.
Распоред на натпреварите на Македонија:
29 јули
Словенија – Македонија
30 јули
Франција – Македонија
1 август
Македонија – Шведска
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
