Mашката кадетска репрезентација на Македонија, по успешно реализираниот подготвителен период во Грац, Австрија, ги продолжува завршните подготовки пред настапот на Европското првенство 2026.
Низ подготовките, нашите кадети во Скопје ќе одиграат два контролни натпревари против селекцијата на Грција, кои ќе бидат последна проверка пред почетокот на Европското првенство.
Првиот тест се игра веќе денеска од 18 часот, а вториот е утре со почеток од 12 часот.
На претстојното ЕП 2026, Македонија ќе се натпреварува во исклучително силна група заедно со селекциите на: Франција, Шведска и Словенија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
