Кадетите убедливо поразени од Франција на ЕП

Ракометната репрезентација на Македонија до 18 години го забележа и вториот пораз на Европското првенство кое што се игра во Србија, откако денеска беше убедливо проазена од Франција со 36-25.

Нашите надежи се држеа против големиот фаворит само во првите десетина минути кога натпреварот беше во егал. Како одминуваше првото полувреме така Французите играа се подобро, па на пауза заминаа со позитива од 20-13.

Во вториот дел „галските петли“ само рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 36-25. Бобан Поповски со шест гола беше прво име во нашиот табор, додека кај победникот Боисне-Нок заврши со седум гола.

Во последното 3. коло од групната фаза нашите надежи ќе се сретнат со Шведска.

Се вчитува...