Кадетките загубија од Албанија и го освоија 6. место на Балканското првенство

Македонската кадетска женска репрезентација, на крајот го освои шестото место на Балканското првенство, во битката за петтото место загубија од домашната селекција на Албанија.
На крајот Албанија славеше со 3-1 (25:16, 25:27, 25:11, 25:19), и така го нанесоа третиот пораз на македонската селекција. 
Кадетките на настапот на Балканскиот шампионат ја победија само селекцијата на Косово во групната фаза, а загубија од Бугарија, Турција и Албанија.

Се вчитува...