Македонската кадетска џудо репрезентација викендов настапува на Балканското првенство во Бихаќ, Босна и Херцеговина.
Македонија во БиХ е со осум натпреварувачи кои ќе се обидат да донесат медал за националниот тим од балканското натпреварување.
Селекторот Игор Паскоски на Балканскиот шампионат ги поведе следните џудисти: Хамида Друштинац (-44 кг), Анамарија Стојмиловска (-48 кг), Тамара Илиоска (-52 кг), Теодора Илиоска (-57 кг), Ангел Радевски (-50 кг), Амар Бајрамоски (-55 кг), Антонио Стојчески (-73 кг) и Никола Петров (-81 кг).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА