Кадиз бил незгоден? Можеби за Реал, ама не и за Атлетико Мадрид (ВИДЕО)

Атлетико Мадрид успеа да ја прекине позитивната серија на Кадиз славејќи со убедливи 4-0 во 7. коло од Ла Лига.

„Јорганџиите“ победата ја најавија со голот на Жоао Феликс во 8. минута, а Љоренте во 22. минута веќе зголеми на 2-0.


Луис Суарез, со свој нов погодок во дресот на Атлетико Мадрид, во 51. минута зголеми на 3-0, а конечните 4-0 ги постави Жоао Феликс во 90. минута.

По оваа победа, Атлетико Мадрид со 17 бода се израмни на врвот од табелата со Реал Сосиедад.

Се вчитува...