Кадриу: Струга ТЛ мора на победа против Пелистер во Битола

Фудбалерите на Струга ТЛ конечно со можност за освојување гостински три бода во Првата македонска фудбалска лига. Во денешното 13. коло од шампионатот стружани гостуваат на Пелистер во Битола верувајќи дека можат до триумф.

Флоријан Кадриу најавува максимален атак на трите бода под „Тумбе кафе“….

„Свесни сме дека испуштивме досега многу бодови во првенството. Дефинитивно овој натпревар е многу важен за нас, ќе одиме со сите сили да дојде до три бода. Без желба за потценување на противникот сепак сакаме да ставиме крај на серијата натпревари без победа и да се впуштиме во позитивна серија. Целосно сме подготвени за овој натпревар, многу добро го анализиравме противникот и доколку ги реализираме задачите од стручниот штаб верувам во победа“ – вели Кадриу.

Се вчитува...