Кајри Ирвинг одбива да се вакцинира – Бруклин ќе го отстрани од тимот?

Триото Ирвинг-Дурент-Харден наскоро може да постане дуо откако тимот е подготвен да го отпушти Кајри Ирвинг бидејќи нема намера да се вакцинира против коронавирусот, пренесува ЕСПН.

Со тоа бекот нема да може воопшто да присуствува во салите, ниту да тренира со тимот по почетокот на сезоната, а може само да присуствува на гостинските натпревари како невакциниран гостин. Притоа според договорот кој го имаат Ирвинг и Бруклин, на кошаркарот ќе му биде одбиено 380 илјади долари за секој пропуштен натпревар.

Нетс се надеваа дека Ирвинг ќе го промени својот став околку вакцинирањето, а за тоа бил ангажиран и лекар кој го едуцирал, но ни тоа не го променило гледиштето на кошаркарот кој во минатото често знаеше да се најде во фокусот на јавноста со неговитe контроверзии.

Се вчитува...