Кака, тренер на Милан: Кога може Зидан да е на Реал…

Рикардо Кака го одигра својот последен натпревар во дресот на Орландо, а бразилскиот ас би требало да ја доврши сезонава во некоја друга екипа пред и официјално да ја заврши својата фантастична кариера. Бразилецот не крие дека и по крајот на активното играње сака да остане дел од овој спорт, а италијанските медиуми веќе најавија дека како опција се разгледува неговиот поранешен клуб Милан, кој би му понудил место во управата, или пак можност да почне тренерска кариера.

Се уште не сум се договорил каде ќе ја продолжам кариерата, но се уште се чувствувам како фудбалер. Наскоро ќе ја завршам кариерата, би сакал да останам во фудбалот и да бидам тренер. Да го водам Милан? Зошто да не, Милан е клубот за кого има посебно место во моето срце. Кога може Зидан да е тренер на Реал, верувам дека и јас би можел да го пренесам сето она што го имам научено од Мурињо и од Анчелоти. Зидан е единствен како фудбалер и како тренер, но јас верувам во себе, дека можам да тргнам по негови стапки“ – изјави Кака.

Се вчитува...