Како 16-годишник го пуштија за бесплатно, сега го враќаат за 70 милиони евра

Кога како 16-годишник Чави Симонс го напушти тимот на Барселона и се пресели во ПСЖ, тоа беше еден од најшокантните трансфери во Европа. Дојде во Париз целосно бесплатно, но потоа беше продаден на ПСВ, но ПСЖ имаше клаузула со која можеше да го врати за 4 милиони евра.

Тоа и го стори тимот од Париз по одличната сезона во Ајндховен, меѓутоа веднаш откако го врати, го испрати на позајмица во Лајпциг. Во Бундеслигата експлодираше, и има седум голови и 13 асистенции во 31 натпревар.

Сега ПСЖ повторно ќе го врати, а потоа може да го продаде, а еден од заинтересираните е и Барселона. Има интерес и од Премиерлигата, но Барселона подготвува понуда од 70 милиони евра за да го врати талентот на „Ноу Камп.“ Чави наводно инсистирал да се почнат преговори за враќање на Симонс.

Се вчитува...