Како би изгледала табелата во Шпанија без ВАР: И нема некои сериозни промени…!

Атлетико Мадрид ја дочека 2021 година како првопласиран тим во Ла лига. Во 13 натпревари тимот на Диего Симеоне собра 32 бода, како и нивниот ривал Реал Мадрид кој има и два натпревари повеќе.

Многу во овој дел од сезоната се зборуваше за ВАР-системот. Посебно гласни беа од Реал Мадрид и Барселона, па „АС“ се одлучи да провери каква би била табелата ако немаше употреба на ВАР.

И, големи промени нема. Атлетико и тогаш ќе си беше прв со ист број бодови, Реал Мадрид би имал два бода помалку од моменталните, како и Барселона со два бода помалку. Главно без посериозни промени на табелата, но нема дилеми дека коментари на сметка на судиите имало и повторно ќе има.

Се вчитува...