Како да играл со цигла: Вестбрук погоди само еден од 13 обиди (ВИДЕО)

Расел Вестбрук е разочарување на синоќешните натпревари во НБА Лигата. Тој беше донесен во Ла Лејкерс како големо засилување, и да го „влече“ тимот кога во него ги нема Леброн Џејмс и Ентони Дејвис, но во таа улога не се снајде против Портланд.

Ги немаше Леброн и Дејвис, а Вестбрук за помалку од 29 и пол минути имаше шут 1 од 13. Уфрли само една тројка од три обиди, додека не се прослави ниту за шутот за два. Имаше осум поени, девет скока и шест асистенции.

Лејкерси имаат 5-5 во досегашниот тек на НБА Лигата и доколку Леброн не се опорави на време, им следува тешка битка.

Вестбрук уште од сега е мета на критики, поради слабиот шут, и поради шесте загубени топки.

Се вчитува...