Како Џеј-Зи му помогна на Рашфорд во кампањата за помош на сиромашните деца

Компанијата „Roc Nation“ која е во сопственост на мегаѕвездата Џеј-Зи одиграла клучна улога во успешноста на кампањата на Маркус Рашфорд за продолжување на бесплатните оброци за децата од сиромашни семејства во текот на летото. Рашфорд со писмо се обрати до британскиот премиер Борис Џонсон и неговото барање беше прифатено.

Писмото на Рашфорд експресно се ширеше по социјалните мрежи. Сега станува јасно дека „Roc Nation“ чиј клиент е Рашфорд од април годинава имала значајна улога. Според соопштението од компанијата, во нивни ингеренции се сите активности на Рашфорд надвор од фудбалскиот терен.

„Можеме да потврдиме дека „Roc Nation“ го застапува Маркус Рашфорд од април 2020 година. Застапувањето се однесува строго на активностите надвор од теренот, а подразбира филантропски активности, пи-ар и маркетинг, комуникации, дигитални стратегии и комерцијално партнерство“ – се вели во соопштението.

„Roc Nation“ е во Велика Британија почна да работи во декември минатата година. Покрај Рашфорд, фирмата на Џеј-Зи ги застапува и Ерик Баи, Ромелу Лукаку, ѕвездата на Манчестер Сити, Кевин Де Бруин и уште неколкумина други. Во последните неколку месеци, период кој се поклопува со соработката со „Roc Nation“, Рашфорд беше особено активен и успешен на полето на помош на деца од сиромашни семејства, а го имаше и во неколку влијателни американски медиуми со сочувство за смртта на Џорџ Флојд.

 

Се вчитува...