Џек Дрејпер по пресврт со 2-1 во сетови славеше против Феликс Оже-Алијасим, но со крајно контроверзен меч-поен за кој долго ќе се раскажува.
На 5-4 за Дрејпер и меч топка, Британецот во игра врати топка со рамо откако претходно незгодно отскокна пред него. Падна на врвот од мрежата и помина во полето на Оже-Алијасим, а судијата го прогласи тоа за меч поен за Дрејпер и крај на мечот.
Тенисерот од Монтреал беше шокиран од таа одлука, посебно затоа што судијата ништо не видел а немаше и повторена снимка.
Дрејпер, пак, се бранеше дека ништо не видел.
„Навистина не знам, само ја вратив топката“ – се бранеше Дрејпер.
„Зарем не виде дека топчето го допре теренот? Па, со рекетот го удри теренот“ – му се обрати Феликс, па потоа насочувајќи се кон судијата.
„Нема да се извлечеш, сите ќе го видат ова. Ќе изгледа бесмислено. Знам дека не е на него да одлучи затоа што ова е добиен меч за него, но ти треба да донесеш одлука“ – грмеше Канаѓанецот, иако Дрејпер беше подготвен за преигрување на поенот.
Но, судијата остана на своето, и мечот неславно беше приведен до крајот со контроверзна победа за Британецот.
THE MOST CONTROVERSIAL MATCH POINT EVER!!!
WHAT JUST HAPPENED…? 😱#CincyTennis pic.twitter.com/cxU4H2A4Af
— Tennis TV (@TennisTV) August 17, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА