Најголемиот фудбалски стадион во Македонија ќе добие ново име. Арена „Филип Втори“ ќе замине во историјата, согласно Преспанскиот договор. Грците веќе реагирале откако фудбалската репрезентација одигра меч од квалификациите на домашен терен, а во службениот извештај стоеше дека името на стадионот е „Филип Втори“.
Владата преку Агенцијата за млади и спорт издаде барање до сите спортски федерации да го изберат своето ново име, дали ќе се викаат федерација на Северна Македонија или пак Национална федерација. Истовремено, издадено е и барање за промена на името на најголемиот спортски објект во државата и тоа треба да се случи во најбрз можен рок.
Постојат неколку опции за новото име на стадионот. Наместо „Филип Втори“, многу веројатно е да се вика „Национален стадион Скопје“, но исто така можно е да го носи името и на некој спонзор, доколку има заинтересирани компании кои би вложиле за да го добијат ексклузивното право за одреден временски период. Многу помала веројатноста е стадионот да добие име по некој познат фудбалер или фудбалски работник, на пример „Кирил Симоновски Џина“ или „Петар Милошевски“. Постои размислување дека стадионот би можел да го носи и името на трагично загинатиот поп пејач Тоше Проески.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА