Како Меси прослави Нова Година…На едната страна од масата се мажите и фудбалот…на другата – жените (ФОТО)

Најдобриот светски фудбалер Лионел Меси за прославата на Новата 2020 година отпатува дома во Розарио, каде во семејната куќа се провесели со семејството. Но, како што тврди аргентинскиот весник „Оле“, и тогаш неизбежна тема е фудбалот. По неколку часа заедничка дружба, сепак, се случува машко – женско групирање на масата. На едната страна се мажите и зборуваат за фудбалот, а на другата страна – жените, со своите муабети.

На семејната вечера се собрани родителите Хорхе Хорасио Меси и Селија Марија Меси, и тројцата браќа, Родриго, Матијас и Лионел Меси, како и сестрата Марија Сол.

Двете фотографии на Инстаграм ги поставија Родриго Меси, братот на Лео, и сопругата Антонела Рокуцо. Во текот на денешниот ден семејството на Лионел Меси се врати во Барселона, со оглед дека продолжуваат неговите обврски со Барселона. В сабота продолжува и Ла Лига, а Барселона ја очекува дуел со градскиот ривал Еспањол.

Се вчитува...