Како Меси се збогуваше од Марадона: Диего е бесмртен… (ФОТО)

Сосема очекувано и Лионел Меси преку објава на Инстаграм се збогуваше од својот сонародник Диего Марадона.

Марадон беше идолот на Меси, две години и негов селектор во аргентинската репрезентација, но пред се човек кого максимално го почитуваше.

„Многу тажен ден за сите Аргентинци и за фудбалот. Не остава, но не заминува затоа што Диего е вечен, Диего е бесмртен. Секогаш ќе се сеќавам на сите убави моменти минати со него. Сакам да испратам сочувство до неговото семејство и пријателите. Почивај во мир“ – напиша капитенот на Барселона.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by FC Barcelona (@fcbarcelona)

Се вчитува...