Како некогаш – Кога ќе се сретнат Вардар и Пелистер „не личи“ без инцидент (ФОТО +ВИДЕО)

Се врати на македонската спортска сцена стариот добар ривалитет меѓу Вардар и Пелистер. Како некогаш…

И нормално, кога е тоа така, не може без инцидент. Уште во првиот меѓусебен дуел, по формарињето на новите состави, двата најголеми ривали на спортската сцена се одлучија и за физичка пресметка. Финалето од турнирот „Струга 2020“ заврши во знакот на инцидентот во последните 30 секунди.

Талески влезе во клинч со Кушан и следеше вистински хаос на теренот. Капитенот на Вардар, Столе Стоилов се одлучи да ги раздели но потоа и самиот се впушти во физичка пресметка. Па, следеше црвен картон за Талески, како и син картон за Стоилов, што значи дека ќе се бара дополнителна санкција од РФМ.

Се вчитува...