Како по обичај, Гого Јовчев и Нестор диригираат: Поздрав за Пандев од соблекувалната (ВИДЕО)

Македонските репрезентативци не ја криеја радоста за освоеното прво место во Групата 4 од лигата Д на Лигата на нациите со што обезбедивме место во полуфиналето од разигрувањето за пласман на ЕП 2020 кое ќе се одржи во март 2020 година.

Па, очекувано соблекувалната и мала прослава на репрезентативците на денешната убедлива победа против Гибралтар… А, „диригенти“ како по обичај тренерот на голманите, Гого Јовчев и офанзивецот Илија Несторовски кои не заборавија и заеднички победата да ја посветат на капитенот Горан Пандев…..

Се вчитува...