Како проколнати: Уште една повреда го раздрма ПСЖ пред Аталанта

ПСЖ и тоа како ќе биде ослабен за четвртфиналната пресметка од Лигата на шампионите против Аталанта. Веќе од претходно беше јасно дека парижаните нема да може да сметаат на Килијан Мбапе, а сега добија и нов удар. Под знак прашалник за натпреварот е и Марко Верати.

Верати се повредил на тренинг, па мали се шансите дека ќе може да игра против Аталанта. Фудбалерот од средниот ред е еден од најважните за францускиот тим, па неговото евентуално отсуство и тоа како ќе се почувствува.

Марко Верати беше играч на натпреварот пред неколку денови во финалето од Лига купот против Лион, уште еднаш демонстрирајќи дека се наоѓа во одлична форма. Натпреварот меѓу Аталанта и ПСЖ се игра во Лисабон за седум дена.

Се вчитува...