Како работат германските клубови: Санчо во Јунајтед за 90 милиони евра, Мален во Дортмунд за три пати помалку

На една од најдолгите трансфер саги и се ближи крајот. Џејдон Санчо само формалности го делат за премин од Борусија Дортмунд во Манчестер Јунајтед, а германскиот тим веќе работи за доведување на негова замина.

Имено составот од Дортмунд веќе започнал разговори со младата ѕвезда на Холандија, Донјел Мален кој во 45 настапи за ПСВ Ајндховен оваа сезона забележа 27 погодоци и 10 асистенции во сите натпреварувања. 22-годишникот е на радарот и на Ливерпул, но „жолто-црните“ ќе можат да го „одврзат ќесето“ со продажбата на Џејдон Санчо.

Трансферот на Англичанецот во редовите на Манчестер Јунјатед се проценува на сума од 90 милиони евра, додека 22-годишникот на ПСВ на трансфер пазарот вреди 30 милиони евра со што уште еднаш се докажува паметната работа на германскиот тим.

Се вчитува...