Како се славеше синоќа: „Роко“ стана симбол на македонштината среде Загреб (ВИДЕО + ФОТО)

ЕКИПА на ЕП во Хрватска,

Стеван Цаневски, Билјана Б. Петрушева, Игор Паневски

Македонската ракометна репрезентација минува историски пат на настап на едно свое Европско првенство преку извонредните резултати во Хрватска.

Македонија како првопласирана во новоформираната група ќе ги очекува натпреварите од втората фаза на шампионатот. Па, сосема очекувано ракометарите добија мало олабавување синоќа, приредувајќи вистинското изненадување со збогувањето на прославата на бројните македонски навивачи во Загреб.

Репрезентативците ги изненадија фановите пристигнувајќи на славјето во клубот „Роко“ кој веќе стана вистински симбол за македонштината среде Загреб. Црвено-жолтата боја доминира во главниот град во Хрватска, а како што велат репрезентативците ќе направат се истата да доминира и во Вараждин со еднаква радост како и оваа досегашната…

Се вчитува...