Како Сетиен го нападна Меси: Што е? Ако не ти се допаѓа што зборувам, знаеш каде е вратата!

Многу фудбалски стручњаци и аналитичари во светот се зачудија кога на клупата на Барселона седна Кике Сетиен, кој до тогаш ги водеше Бетис и Лас Палмас. А, замина, пак, на најсрамотниот начин кој може да го доживее еден тренер, со пораз од 8-2 од Баерн Минхен во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Сепак, неговата епизода на „Камп Ноу“ заврши многу порано. Една од причините е секако Лионел Меси, кој одлучува околу се што се случува во клубот, и на теренот и надвор од него, и околу доведување нови фудбалери, и околу ангажман на тренери и околу откази за сите заедно. А кога Меси не е задоволен тогаш има проблем во Барселона.

„Јас мислам дека Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Но, со него не е лесно. Постои едно негово сосема поразлично лице зад она кое го гледа јавноста. Тоа е всушност со сите големи спортисти, а тоа можеше да се погледне и од документарецот за Мајкл Џордан. Меси е многу резервиран, повлечен, но на некој свој начин ви дава до знаење како треба нештата да бидат поставени и што треба да се случи. Меси не зборува многу“ – откри Сетиен по заминувањето од Барселона.

Факт е дека Меси е свесен за својата големина и важност за Барселона, па тоа го користи против сите тренери кои мора да ги задоволуваат неговите барања. Но, Сетиен е еден од ретките кој одлучи да му се спротистави.

Неколку кола пред крајот на првенството, Барселона ремизираше (2-2) со Селта Виго, а тоа реми го исфрли Сетиен од такт, урлајќи во соблекувалната и напаѓајќи поединци. Тоа не му се допаднало на Меси кој се почувствувал навреден, па му се спротиставил на тогашниот тренер во иднина да бира зборови кога разговара со тимот кој освоил се. На тоа не премолчел Сетиен кој, и тоа како нервозен, на аргентинскиот фудбалер му се обратил со зборовите:

„Ако не ти се допаѓа тоа што го зборувам, ете тука ти е вратата“.

Аргентинецот, не очекувајќи такво нешто, за момент збунето го погледнал а потоа се насмевнал. Уште тогаш Меси знаел дека Сетиен ќе добие отказ, иако и самиот бил во караница со Бартомеу и веќе размислувал за заминување од клубот. Но, чисто пресметливо, Меси знаел дека не може да се откаже од извонредните финансиски клубови кои ги има во клубот.

Набрзо, по тој судир, Сетиен доби отказ од Барселона. Но, ситуацијата во каталонскиот тим ниту најмалку не се смири по неговото заминување. Напротив, Кике сега од страна си ја набљудува состојбата во клубот која е уште полоша од неговото време.

Се вчитува...