Како Том Хенкс во „Терминал“: Фудбалер од Гана заглавил 72 дена на аеродром

Да се биде заглавен на аеродром со денови личи на филмска приказна, како онаа на Том Хенкс во „Терминал“. Сепак, на фудбалерот од Гана, Ренди Хуан Милер, тоа му се случи во реалниот живот, откако беше принуден да остане 74 дена на аеродром во Мумбаи. За се е виновна пандемијата од коронавирус, поради која овој фудбалер мораше да живее повеќе од два месеци на аеродромот во Индија.

Милер тргна на пат за Гана, но летот за татковината беше откажан. Имаше шестмесечна работна дозвола за играње фудбал, а откако таа истече сакал да се врати назад дома. Сепак, поради коронавирусот Индија ги затвори границите, а Милер останал заглавен во оваа држава. Бидејќи немал доволно пари не можел да најде сместување во градот, па бил приморан да остане да живее на аеродромот. Како што открива самиот, единствената помош да добил од вработените во аеродромската зграда.

„Инспирација ми беше Том Хенкс и филмот Терминал. Рано станував, се туширав и потоа се шетав во градината што е дел од аеродромот. Лужето од обезбедувањето ми даваа храна и малку пари, но тоа го трошев многу брзо бидејќи се е скапо во аеродромските продавници. Ја имав истата рутина секој ден, им благодарам на сите што ми помогнаа“, изјави Милер.

Приказната за неговата ситуација стигна и до Гана, каде раководството на Фудбалската Федерација реши да му помогне да се врати во татковината. Тие најпрвин му испратија пари за Милер да го напушти аеродромот и да биде сместен во хотел во Мумбаи, а во најскоро време ќе биде организиран и лет со кој фудбалерот би пристигнал во Гана.

 

Се вчитува...