Како велеше Грнчаров: Залудно сме шампиони, ако не направиме нешто во Европа

Дојде денот за мегдан. Македонскиот шампион Вардар е во нов обид да направи нешто повеќе во Европа, од само да биде учесник, како изминативе неколку сезони. Оваа година прва пречка е шведскиот првак Малме, кој секако има поголема репутација на меѓународна сцена, но не е и така страшен тим, со кој „црвено-црните“ не би можеле да се надигруваат.

Секако, се уште важи девизата на капитенот Бобан Грнчаров, дека Вардар и нема така голема полза од шампионската титула во Македонија, доколку конечно не направи некој исчекор и во Европа.

„Сосема заслужено ја освоивме шампионската титула во Македонија, можеби и полесно од минатата сезона. Меѓутоа, залудно сме го освоиле трофејот, ако во Европа не направиме ништо“, изјави Бобан Грнчаров по последното коло од минатата сезона, кога го доби шампионскиот пехар во своите раце.

Дојде време Вардар конечно да направи нешто и во Европа…

Се вчитува...