Каков луд старт – Реал поведе, Фати израмни (видео)

Суперинтересен е почетокот на денешното „Ел Класико“, откако двајцата голмани во првите осум минути веќе по еднаш ја вадеа топката од својата мрежа (1-1).

Реал Мадрид изненадувачки стигна до водство по неполни пет минути игра на големото дерби во Барселона, и тоа благодарение на погодокот на Феде Валверде. Тренерот Зидан изненади многумина со одлуката да му даде шанса на Валверде пред Лука Модриќ, но младиот Уругваец блесна во сиот свој сјај, одлично втрча по перфектната асистенција на Бензема и ја смести топката во горниот агол од голот на Нето.

Барса експресно возврати, Алба втрча од позадина по левата страна, нафрли кон петерецот, а таму младиот Фати немаше проблем да ја смести топката во мрежата.

Одличен старт на ова големо дерби…

Се вчитува...