Каков малер: Геце одново се повреди, во „аут“ шест недели

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце, одново ќе мора да паузира откако се здоби со повреда на скочниот зглоб на дербито против Шалке изминатиов викенд. Германскиот репрезентативец мораше да го напушти теренот во 78. минута по грубиот старт на Калигури, а според информациите од клубот се работи за фрактура на зглобот за која ќе бидат потребни мнајмалку шест седмици за да се опорави и да се врати во погон.

Геце во меѓувреме го постигна својот прв гол во 2017 година, вториот од четирите за Дортмунд во епското дерби со конечен резултат од 4-4. Медицинскиот тим на „милионерите“ ќе направи максимални напори да го врати Геце во тренажен процес пред почетокот на вториот дел од сезоната, кога Борусија Дортмунд на 14. јануари ќе го пречека Волфсбург на домашен терен.

Се вчитува...