Каков татко, таков син – Неверојатна победа на Мик Шумахер (ВИДЕО)

Синот на најдобриот Формула 1 возач во историјата Михаел Шумахер, Мик славеше на трката во Формула 2 која се возеше во Монца. Тој до првата победа сезонава и со четвртиот подиум едно подруго се вмеша во борбата за титулата во шампионатот.

Меѓутоа тоа што го привлече вниманието се случи на самиот старт на трката. Шумахер стартуваше како неговиот татко и од седмата позиција излезе како второпласиран. До крајот на трката успеа да стигне и до првото место и да потврди дека во него има шампионски материјал.

 

Се вчитува...