Каков татко, таков син: „Роналдињо Џуниор“ потпиша за Барса

Легендарниот фудбалер Роналдињо објави дека неговиот наследник, 17-годишниот син Жоао Мендеш, решил да ги следи неговите стапки и да потпише за Барселона.

Станува збор за играч кој настапува како напаѓач, а во Барса доаѓа откако претходните четири сезони ги мина бранејќи ги боите на младинскиот тим на Крузеиро. Тој ја мина пробата во каталонскиот гигант и најпрвин ќе се приклучи на младинската академија „Ла Масија“, од каде доколку се докаже би можел да биде прекомандуван и во првата екипа.

„Можам да потврдам дека Барселона ќе потпише со Жоао, пробата ја мина без поголеми проблеми. Барса секогаш била голем дел од мојот живот и од моето срце, тоа ќе продолжи и во иднина преку мојот син“, објави Роналдињо.

Се вчитува...