Каков врвен ракомет: Данска е во финалето, шпанското срце не беше доволно

Данска е првиот финалист на ракометниот мундијал откако бранителите на тронот во фантастичен меч ја совладаа Шпанија со 26-23. Данците водеа цел натпревар, шпанските репрезентативци успеаја да се вратат и да се изборат за неизвесен финиш, но „црвената фурија“ немаше сили за нов сензационален камбек и победа како во четвртфиналето против Норвешка. Со оваа победа, Данска е на само еден триумф до место во ракометната историја – како прва селекција што успеала да го крене пехарот на три мундијали во низа.

Данска набрзина поведе со 2-0, а проблем повеќе за Шпанците беше раната повреда на Канелјас, кој мораше да биде повлечен од игра и се врати дури пред крајот на првото полувреме. „Црвената фурија“ успеа да се врати, израмни на 2-2, нешто подоцна и на 4-4, но Ландин беше влезен во ритам, што беше лоша вест за шпанските ракометари. Светските прваци поведоа со 7-4, нешто подоцна и со 9-5, па иако Шпанија се приближи на 11-10, данските ракомети фуриозно го завршија полувремето на одмор заминувајќи со предност од 15-10.

Ваквата позитива се одржуваше повеќе од десет минути, кога по водството од 20-15 следеа четири гола во низа на Шпанците и враќање на резултатската неизвесност во ова полуфинале. Крилото Емил Јакобсен ја прекина серијата на шпанскиот состав, a Данска тргна со „седум на шест“ во нападот, како одговор на цврстата шпанска одбрана и набрзина поведоа со 23-20. Пресуди слаба игра на Шпанија во нападот во завршните десетина минути, Рибера се обиде и со „седум на шест“, но Данска одигра беспрекорна одбрана и поведе со 25-20. Шпанскиот карактер повторно на дело – „црвената фурија“ не се предаде, туку со три брзи гола намали на 25-23 на 90 секунди до крајот. Гидсел изнуди пенал, но Де Варгас го запре обидот на Хансен. Драмата кулминираше дваесетина секунди подоцна, откако беше досуден пенал за Шпанија, но Ландин го запре обидот на Сале, за Данска на крајот да слави со конечни 26-23.

Се вчитува...