Каква луда ноќ: Супер камбек на Борусија, Ајакс прокоцка 1-4 во Лондон

Борусија Дортмунд со неверојатен пресврт успеа да го земе скалпот на Интер во супердраматичен натпревар што заврши со хепиенд за „милионерите“. „Нероаѕурите“ на првиот меч славеа со 2-0 над овој ривал, а продолжија во ист ритам и на денешното гостување, откако преку Лаутаро Мартинез и Весино стигнаа до водство од 0-2.

Творец на пресвртот беше Ашраф Хакими, кој постигна два погодоци, а еден гол беше дело на Брант, кој со првиот допир со топката по влегувањето во игра израмни на 2-2.

Неверојатен натпревар се одигра и во Лондон, каде Челси се врати од негатива од 1-4 и освои бод против Ајакс (4-4). Мора да се истакне дека во 68. минута истовремено црвени картони добија двајцата дефанзивци, Блинд и Фелтман (првиот за груб старт, вториот за играње со рака во шеснаесетникот, откако и двајцата веќе имаа по еден жолт картон). Жоргињо со вториот пенал намали на 3-4, потоа Џејмс израмни на 4-4, а петтиот гол на Челси беше поништен со ВАР.

Валенсија со пресврт во второто полувреме го совлада Лил со убедливи 4-1, иако гостите по првото полувреме имаа водство од 0-1. Лион рутински славеше над Бенфика со 3-1, додека Ливерпул многу потешко од очекувањата го совлада Генк со 2-1, стрелци на головите беа Вајналдум и Окслејд-Чембрлен.

Наполи ремизираше на домашен терен против Салцбург (1-1), натпревар на кој Елиф Елмас воопшто не влезе во игра.

Се вчитува...