Каква најава од „АС“: Барди е новиот Дејвид Бекам од Леванте!

Македонскиот репрезентативец Енис Барди е новиот Дејвид Бекам, кој игра за Леванте. Фантастична најава направи шпанскиот весник „АС“ за новата „десетка“ на Леванте, во пресрет на утрешниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ против Реал Мадрид.

Барди по доаѓањето во редовите на Леванте се покажа како фантастичен изведувач на слободни удари, а „АС“ го спореди со легендарниот англиски фудбалер, поранешен член на Манчестер јунајтед и на Реал Мадрид, Дејвид Бекам.

as za bardi

„По неговото доаѓање во Леванте, сега клубот има многу поголеми амбиции. Тој уште во претсезоната ги покажа своите вештини. Умее да ги извади голманите од нивните копачки. Има свој сопствен стил, а топката во неговите нозе е неверојатно послушна. И ја шутира подеднакво добро со двете нозе. Има визија и веќе е новиот Дејвид Бекам за Леванте, а очекуваме да ја освои со своите игри и целата Ла Лига. Со своите 22 години, тој е небрусен дијамант“, пишува „АС“ за Енис Барди.

Се вчитува...