Какво чудо во Дортмунд – Борусија прокоцка 3-0 со Хофенхајм

Борусија Дортмунд прокоцка значајни два бода во трката за титулата во Бундес-лигата откако „милионерите“ вечерва ремизираа 3-3 во добиениот дуел против Хофенхајм. Имено, лидерот на табелата имаше тотална доминација и водство од убедливи 3-0 се до дваесетина минути до крајот, кога гостите воскреснаа на чудесен начин, и со три гола во финишот му направија голема услуга на Баерн Минхен.

По еден поништен гол поради ВАР, Санчо го отвори резултатот во корист на лидерот на табелата, пред Марио Геце да зголеми на 2-0 пред крајот на полувремето. Гереиро круниса една извонредна тимска акција за водство од 3-0 и се чинеше дека мечот е завршен, но Хофенхајм постигна два гола во последните дваесетина минути и го одведе мечот во неизвесна завршница. Гостите зедоа залет, а потоа целиот стадион замолкна во 88. минута, кога Белфодил со својот втор гол израмни на 3-3.

Борусија Менхенгладбах загуби значајни бодови во битката за второто место со Баерн откако попладнево претрпе неочекуван пораз од 0-3 од Херта. Кали, Дуда и Селке беа стрелци на головите за гостинскиот тим беа Калу, Дуда и Селке.

Резултати Германија:

Борусија Д. – Хофенхајм 3-3, Лајпциг – Ајнтрахт 0-0, Борусија М. – Херта 0-3, Хановер – Нирнберг 2-0, Фрајбург – Волфсбург 3-3.

Се вчитува...