Какво „ѓаволско чудо“ во Париз, ПСЖ пак на колена во ЛШ (видео)

Проклетството на Лигата на шампионите повторно го потресе ПСЖ, откако францускиот првак беше елиминиран уште во осминафиналето од елитното европско натпреварување од Манчестер Јунајтед, по вечерашниот шокантен пораз на домашен терен од 1-3. „Светците“ влегоа во натпреварот со предност од 0-2 од првиот меч на „Олд Трафорд“, но наместо рутински да ја одработат задачата одиграа катастрофално во одбраната и му овозможија на противникот чудесен пресврт. Тухел вината мора да ја бара исклучиво во своите дефанзивци и кај голманот Буфон, кои им подарија три гола на гостите, за тотална сензација на „Паркот на принцовите“.

Само што почна втората минута, а гостите неочекувано поведоа. Дефанзивците на ПСЖ одиграа катастрофално на сопствената половина, топката дојде до Лукаку, кој го мина и Буфон и ја смести топката во мрежата. Францускиот првак очекувано имаше тотална контрола на средината од теренот, во еден дел од првото полувреме дури и 85% од поседот над топката, но тимот на Томас Тухел повторно беше шокиран. Најпрвин Бернат го израмни резултатот на додавање на Мбапе, но кога се очекуваше целосен пресврт повторно на сцена стапи Лукаку. Овојпат Белгиецот се најде на вистинско место по една лоша интервенција на Буфон, па одбиената топка рутински ја смести во мрежата.

ПСЖ имаше многу повеќе од играта и во вторрото полувреме, но домашниот тим не успеа да постигне и втор гол. Како што одминуваше времето така и „светците“ стануваа се попретпазливи на соопствениот гол, сесни дека евентален погодок на гостите би ги исфрлил од ЛШ.

И тогаш, шок во 90. минута, Далот тргна и шутираше во немоќ, топката го удри во раката Кимпембе, а судијата по прегледување на снимката со ВАР-технологија покажа на белата точка. Рашфорд ја презеде одговорноста и го совлада Буфон, за тотална еуфорија на гостинските фанови на „Паркот на принцовите“.

Се вчитува...