Какво изненадување: Еден Азар пак се повреди

Еден Азар не може да крене глава од проблеми со повредите по трансферот од Челси во Реал Мадрид. Баксузната серија на белгискиот ас продолжува откако „кралевите“ денеска обелоденија дека Азар повторно е повреден, откако бил дијагностициран со нова повреда на левото колено.

Ако има олеснителна околност, тоа е фактот дека не станува збор за проблем со лигаментите, по што паузата ќе изнесува неколку седмици, а на месеци. Азар поради најразлични повреди сезонава настапи на само седум средби за Реал во сите натпреварувања, со што само го потврдува епитетот на најголемо промашување на „кралевите“ на трансфер-пазарот во последните десетина години.

Реал Мадрид утре ќе се сретне со Мајорка, меч за кој Анчелоти покрај на Азар нема да може да смета ниту на повредените Менди, Бензема, Милитао и Лукас Васкез.

Се вчитува...