Какво лудо финале: Фламенго е шампион на Копа Либертадорес

Фламенго и Ривер Плејт одиграа неверојатно финале во Копа Либертадорес, откако бразилскиот тим со фантастична завршница успеа да направи пресврт во последните неколку минути, да триумфира со 2-1 и да го симне аргентинскиот гигант од тронот на јужноамериканскиот фудбал.

Сантос Боре ја доведе екипата на Ривер во водство во 14. минута, по што Аргентинците пропуштија неколку шанси за втор гол и печат на новиот трофеј. Казната стигна во самиот финиш, а херој на Фламенго беше Габриел Барбоса – Габигол. Голгетерот, кој важи за едно од најголемите трансфер-промашувања на Интер во изминатата деценија, блесна кога беше најважно, во 88. минута го израмни резултатот, а во судиското продолжение уште еднаш ја затресе мрежата на Ривер за тотална еуфорија на бразилските фанови на стадионот во Лима.

Со освоениот трофеј тимот на Фламенго ќе ја претставува Јужна Америка на претстојниот клупски мундијал што следниот месец ќе се одржи во Катар.

Се вчитува...