Калчолигашите со заеднички став: Сезоната да се доигра од мај…

Фудбалската сезона во Италија нема да биде откажана во скоро време, откако клубовите изгласаа заеднички став да се почека до создавање на адекватни услови за враќање на терените. Дел од медиумите најавуваа целосен прекин, УЕФА најави дека ќе побара сите актуелни лидери на табелите ширум Европа да бидат прогласени за шампиони, но италијанските клубови имаат поинаква идеја.

Имено, денешниот видеоконференциски состанот на 20-те екипи донесе заеднички став – сезоната треба да се доигра на терен, а евентуалните трофеи никако не смеат да се добиваат на зелена маса.

На сите им е јасно дека нема никаква шанса сезоната да продолжи на почетокот од месец април, па сите планови се прават за старт најдоцна на 9 мај. Идеално е продолжение на 2 мај, со што би имало шанса сите преостанати рунди да се доиграат до крајот на месец јуни. Бидејќи не е сигурно дали плејоф средбите за опстанок во „Серија А“ може да се финишираат во овој временски интервал, уште сега се преговара за колективен договор за сите позајмици на играчи, но и сите активни договори меѓу клубовите и фудбалерите, наместо до 1 јули да важат до 15 јули.

Се вчитува...