Калчото се враќа на сцена: Прва победа над европски првак по седум години пауза

Италијанските клубови дефинитивно стануваат се посериозен фактор во елитното европско натпреварување, по се поголемите вложувања во играчкиот кадар.

Наполи вечерва го совлада Ливерпул со 2-0, вреден податок поради фактот дека станува збор за прва победа на една италијанска екипа над ривал што е актуелен европски првак по пауза од цели седум години.

Последен пат тоа му успеало на Јувентус во 2012 година, кога „старата дама“ славеше со 3-0 над тогашниот европски шампион Челси.

Се вчитува...