Калин Ивановски доби огромна поддршка од Македонците во Мелбурн (ФОТО)

Младиот македонски тенисер, Калин Ивановски загуби на стартот на јуниорскиот Австралија Опен.

Во првото коло на турнирот Ивановски загуби од Русинот Јарослав Демин во два сета, 6-7, 5-7.

И покрај поразот македонскиот тенисер воопшто не разочара одигрувајќи квалитетен меч кој среќно го доби на крајот Русинот.

Ивановски имаше и огромна поддршка од македонската заедница во Мелбурн пред и за време на својот натпревар на Австралија опен.

Се вчитува...