Калин Ивановски го „збриша“ Швајцарецот Шаер за ново осминафинале во Тунис

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски продолжува со одличните игри обезбедувајќи ново осминафинале на нов ИТФ фјучерс во Монастир, Тунис.

Ивановски, кој е втор носител на турнирот, во првото коло го „збриша“ Рафаел Шаер од Швајцарија добивајќи го лесно во два сета со само еден загубен гем, 6-0 и 6-1.

Македонскиот тенисер во осминафинале ќе игра против подобриот од пресметката меѓу Шпанецот Рос и Италијанецот Пичионе.

Се вчитува...