Калин Ивановски одличен, во голем стил до полуфинале

Калин Ивановски уште еднаш потврди дека се наоѓа во одлична форма откако македонскиот тенисер се пласираше во полуфиналето од ИТФ-турнирот што се одржува во Поитиер, Франција.

Калин денеска за противник го имаше домашниот тенисер Тристан Ламасин, моментно рангиран на 532. место на АТП-листата, но Македонецот покажа надмоќ во играта и заслужено славеше со максимални 2-0 во сетови.

Првиот сет беше израмнет до 5-5, но Ивановски беше посконцентриран во клучните моменти и поведе со 7-5. Оваа предност му ја зголеми самодовербата, па нашиот тенисер доминираше во вториот сет, добивајќи го со 6-1, за пласман во полуфиналето. Негов следен противник ќе биде уште еден домашен тенисер, вториот носител Гејмар Вајенбург, кој денеска со импресивни 6-0, 6-1 ја доби четвртфиналната пресметка со Бопен од Белгија.

Се вчитува...