Калин Ивановски поразен во Мелбурн по голема борба и драма

Калин Ивановски, македонскиот тениски јуниор е елиминиран во првото коло на Австралија опен во Мелбурн после голема и драматична борба со Русинот Јарослав Демин со 67 и 5:7 по сетови. Ивановски важеше за фаворит, десетти носител на јуниорскиот турнир, но не ја оправда таа улога, и рускиот тенисер се пласираше понатаму.

Мечот беше возбудлив и интересен, драматичен. Првиот сет беше решен со тај-брејк, и Русинот беше на крајот и посреќен, и подобар и го доби со 7:3.

Во вториот сет Демин поведе со 3-0 во гемови, па 4-1, но Калин никако не се предаваше и со серија од 3-0, успеа да израмни на 4-4. Потоа се играше гем за гем, и мечот одеше кон нов тај-брејк. Меѓутоа Ивановски на свој сервис загуби речиси добиен гем, при резултат 6-5 за противникот со оглед дека нашиот тенисер имаше 40-15 и беше на поен до израмнување. Меѓутоа Демин на крајот успеа со четири поени по ред да го добие гемот и сетот, и на крајот и мечот.

Се вчитува...