Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на фјучрсот во Австрија

Еден од најдобрите македонски тенисери, Калин Ивановски се пласираше во четвртфиналето на ИТФ-фјучрс турнирот во Котингбрун, Австрија откако славеше над Андреа Герери со 2-0.

Македонецот првиот сет го доби со 6-3, а потоа славеше со идентичен резултат и во вториот со што закажа четвртфинале со Австриецот Петер Голдштајнер.

Калин Ивановски го очекува и меч од четвртфиналето во двојки, каде што заедно со чехот Адам Јурајда ќе се соочат со првите носители германско – кинеската двојка Шел и Сун.

Се вчитува...