Калин Ивановски се пласираше во финалето во Мадрид

Нов голем резултат на Калин Ивановски. Нашиот најдобар тенисер ќе игра во финалето на фјучерсот во Мадрид, откако денеска во полуфиналето го совлада Сидане Понтјодикромо од Холандија со 2-1.

Откако првиот сет го доби со 6-4, Ивановски го загуби вториот со 6-1. Меѓутоа се врати во третиот и го доби со 7-5, за конечна победа.

Ивановски во финалето ќе игра против Марк Вајтхаус од Велика Британија кој го совлада Ечеверија од Шпанија со 2-1 во сетови.

Се вчитува...