Калин, по жестока борба, поразен во полуфиналето во Франција

Најдобриот македонски тенисер Калин Ивановски не успеа да се пласира во финалето на ИТФ турнирот вреден 15.000 долари во Потје, Франција.

Во полуфиналната пресметка по долга борба во вториот сет, Ивановски на крај загуби во два сета со 2-6 и 6-7 (8) од домашниот тенисер Гејмар.

По еден час и 40 минути игра, Ивановски, откако го загуби првиот сет со 2-6, го препушти вториот сет по голема борба во тај брејкот со дури 8-10, не успевајќи да обезбеди и трет сет во битката за финале.

Се вчитува...