Калиниќ потпишува за Атлетико Мадрид

Хрватскиот интернационалец Никола Калиниќ го напушта Милан и во текот на денешниот ден треба да потпише договор со шпанскиот клуб Атлетико Мадрид. Тој по само една сезона на „Сан Сиро“ си заминува и се сели во Шпанија.

Калиниќ ќе биде ново засилување за навалната линија на тимот на Диего Симеоне, откако претходно клубот го напушти Кевин Гамеиро, кој кариерата ќе ја продолжи во Валенсија.

Атлетико Мадрид на Милан ќе му плати 15 милиони евра отштета за хрватскиот напаѓач.

Се вчитува...