Калјари го претстави Годин: Дојдов во градот каде е родена сопругата

Уругвајскиот интернационалец Диего Годин го напушти Интер и се пресели во Калјари. За многумина неговиот избор беше чуден, но тој има логично објаснување. Дојде да живее во градот каде е родена неговата сопруга Софија. Таа е ќерка на поранешниот уругвајски фудбалер Хозе Оскар Херера, кој своевремено исто така играше во Калјари, во ист период со прославениот Енцо Франческоли.

„Дојдов во градот на мојата сопруга. Калјари има амбициозен тим, веќе се запознав со фудбалерите и верувам дека ќе бележиме успешни резултати во Серија А“, изјави Диего Годин, кој потпиша тригодишен договор со Калјари.

Се вчитува...