По суспензијата од еден меч, Никола Јокиќ се врати во дресот на Денвер во триумфот над Атланта од 105-96.
Одморот за Јокиќ очигледно беше добредојден затоа што беше најдобриот во составот на Денвер, завршувајќи со „трипл-дабл“ ефект од 22 поени, 19 скока и 10 асистенции. Со тоа се израмни на осмото место на вечната листа во оваа категорија заедно со големиот Лери Бирд.
Од останатите синоќешни натпревари, Голден стејт продолжува со одличните партии откако против Чикаго булс дојде до 11-та победа сезонава во НБА лигата во која досега имаат само еден пораз. Најзаслужен за тоа беше фантастичниот Стеф Кари со 40 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА